За нас

baudom

Друштвото Баудом е формирано во 2006 година. Во прво време како дилер на македонскиот бренд за плочки Керамика Нова.

За кратко време успеа да ја прошири својата дејност и денес е застапник на повеќе познати светски брендови за керамички плочки. Освен плочки исто така е застапник на познати брендови за галантерија во бања - џакузи, кади, туш кабини, туш панели, моноблоци, мијалници, чешми...

Баудом на пазарот ги пласира следниве познати светски брендови за плочки:

Seramiksan – Турска керамика која се состои од различни големини и дизајни на ѕидни и подни плочки, неглазирани порцелански плочки и плочки кои се глазирани со нано технологија (мат, полусјаен и сјаен финиш).

Seranit – Турска керамика со врвен квалитет и лидер на порцелански плочки. Прва фабрика во Турција за производство на технички порцелан. Располага со богата палета на производи со исклучително богата боја и тренд дизајни.

Konskye group - Полска керамика со широк спектар на бои и различни изгледи.

MCM mozaik – Турски мозаични плочки и бордури изработени од травертин, стакло и кристал во најразлични бои со одличен квалитет и луксузен дизајн.

Gambarelli – Италијанска керамика со врвен квалитет и луксузен дизајн.

Liangjianceramic - Компанија што се занимава со производство на високо полирани плочки во различни димензии. Производите се карактеризираат со: стаклена глазура, ниска апсорпција на вода, поседуваат голема отпорност од абење и поседуваат високо ниво на сјај (високо полирани).

AiJia - Компанија што се занимава со производство на плочки. Плочките се во согласност со националните GB6566-2000 барања, категорија A  и интернационалниот ISO14000. Исто така овој производител го поседува и ISO 9001-2008 сертификат за квалитет.

Познати светски брендови за санитарија:

Serel, AR, ECA – Една од водечките компании во светот за производство на санитарија, чешми и тушеви. Со долгогодишно искуство во креирање и изработка на производи кои се еколошки и кои штедат потрошувачка на вода и енергија.

Seramiksan - Познат турски бренд кој освен плочки врши производство и на санитарија.

Creavit - Со повеќе од триесет годишно искуство тие се еден од водечките производители на санитарија и мебел за бањи во Турција и пошироко. Строго ориентирани кон производство на квалитетни, трајни, функционални и естетски производи.

ECE - Водечка компанија во производство на санитарија.

Jenbely - Производител на туш кабини и туш кади, италијански бренд со производствени капацитети во Кина.

ModaMix - Турски бренд кој се занимава со производство на санитарија.

Taizhou sentian - Компанија што се занимава со производство на туш панели кои нудат одличен квалитет по пристапни цени.

ANAQ - Создадена во 2000г. во Фошан, Кина. ANAQ ги поседува сертификатите: ISO9001 интернационален систем за квалитет, SE сертификат и CUPC сертификат, со повеќе од 10 год. искуство во оваа област.

СБМ ин декор - Македонски производител за изработка на мебел за бањи по нарачка.

Sukar – Турски производител кој нуди дренажни системи, сифони и решетки неопходни во градежниот сектор. Сите производи се дизајнирани така што овозможуваат брз проток на водата, а решетките се изработени од квалитетен челик.

Ak Teknik - Турски производител на лајсни за плочки: завршни (ќош) лајсни, декоративни лајсни и лајсни за скали изработени од алуминиум, челик и пластика.

Ceresit - Светски познат производител на лепак, фуга и останати производи, со повеќе од сто години традиција. Во нивниот асортиман има лепила за лепење керамички, гранитни и порцелански плочки. Главни карактеристики на Цересит се квалитетот по највисоките европски стандарди и долготрајноста.

Fugalux – Групацијата Јуб е меѓународна компанија која денес опфаќа дванаесет подружници и е меѓу првите во индустријата со сертификат за заштита на околината. Својствата на фугата се: Отпорност на абење и смрзнување, висока водоотпорност, еластичност и отпорност на создавање на мувла. Фугата ја препорачуваме за фугирање на ѕидни и подни керамички плочки, стаклен мозаик, подни плочки во простории со подно греење.